Во Грција ќе се гради дата центар вреден 5,8 милијарди евра
Во Грција ќе се гради дата центар вреден 5,8 милијарди евра На местото на поранешните рудници за лигнит во близина на Кожани, во северна Грција, се планира изградба на еден од најголемите центри за податоци во Европа.Проектот го подготвува грчката национална електроенергетска компанија ДЕИ, а вкупната инвестиција се проценува на околу 5,8 милијарди евра. Планот е просторот кој со децении бил поврзан со ископување лигнит постепено да се трансформира во модерен технолошки центар, паралелно со развојот на производство на чиста енергија. Според плановите, првата фаза ќе опфати дата центар со капацитет од 300 мегавати, кој треба да биде изграден до крајот на 2028 година. До 2031 година капацитетот би можел да биде зголемен на еден гигават.
Название:
Во Грција ќе се гради дата центар вреден 5,8 милијарди евра
Категория:
Разное