Со хуманост до светлина
Под мотото "Со хуманост до светлина" на 24 јануари во спортската сала Борис Трајковски ќе се одржи голем хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески. Во пресрет на денот кога требаше да го прослави 29. роденден ќе бидат промовирани осум композиции на Тоше, дооформени од дел од неговите соработици. Песните ќе ги исполнат колегите со кои тој сними дуети или соработуваше, но и дел од оние со кои требаше допрва да работи - Тони Цетински, Нина Бадриќ, Борис Новковиќ, Аки Рахимовски, Елена Ристеска, Калиопи, Јелена Томашевиќ и Хари Мата Хари. Премиерно вечерта ќе биде изведена и темата "Још увек сањам да смо заједно", што ја сними Тоше за време на изготвувањето на неговиот последен албум "Игри без граници". Темата тогаш било решено да не биде ставена на албумот, а паднал договор истата да се промовира подоцна. Како што се најавува, наскоро за неа ќе биде пуштен и спот кој во моментов е во фаза на подготовка од страна на продукцијата ДМ. Наскоро се очекува во јавноста да биде пуштен и спотот за песната "Guilty" од англискиот албум "The hardest thing". Хуманитарниот концерт, според Фондацијата која го носи неговото име, се организира во пресрет на роденденот и со цел да му се остварат барем две од желбите - издавање албум со негови композиции и осветлување на манастирот Св. Преобржение" во Крушево. Зад концертот стојат Владата на РМ и Министерството за култура, неговиот менаџерски тим од Аворд продукција, секако, предводен од менаџерката Љиљана Петровиќ, која е предводник на целиот проект. Минатата година мотото на концертот беше "Те сакаме" - одговор на неговото "Ве сакам сите", а годинешниов во пресрет на 29. роденден ќе биде Мост на надеж", вистинска димензија на зборовите вера и љубов. http://www.tosefanclubforum.com/ tose fan club macedonia srbija hrvatska balkan bosna macedonia makedonija tose todor Toše Proeski biggest Macedonian music star best македонија тоше проески internacionalen fan club international
Название:
Со хуманост до светлина
Категория:
Разное